Женската кадетска репрезентација на Македонија утре ќе го одигра последниот и најзначаен натпревар на Европското првенство во Црна Гора.
Македонија ќе се соочи со Романија, која го одигра ова ЕП под очекувањата од тамошната јавност и исто така ќе се бори за последната „сламка за спас“.
Во Б дивизијата или ЕХФ шампионатот веќе испаднаа Фарски Острови и Турција, а ќе видиме која ќе биде третата селекција што ќе оди со нив.
Само 21 место обезбедува опстанок меѓу најдобрите.
Натпреварот меѓу Македонија и Романија се игра утре во „Верде“ со почеток во 09:30 часот.