Jovana KIPRIJANOVSKA, North Macedonia vs Türkiye, Women's EHF EURO 2024, Austria, Hungary, Switzerland, 30.11.2024, Mandatory Credit © Jozo Cabraja / kolektiff

Македонија преку Кипријановска до реми против Турција

Женската репрезентација на Македонија одигра драматичен натпревар против Турција, 25:25, во рамки од 2. коло на Европското првенство 2024. Иако Македонија можеше да победи и да добие два важни бода, сепак, Турција се врати во последните десет минути, а ремито е најреален исход за денешниот драма меч.

Натпреварот го отвори Сара Ристовска за 1:0, но Турција бргу израмни на 1:1. По нерешените 2:2, ривалот на Македонија врза два гола во низа и дојде до 4:2 во 8 минута. Пред Турција да се одлепи на плус два, имаше период, во кој двете репрезентации правеа технички грешки.

Македонија преку Маџовска намали на 4:3, а Турција за дваесетина секунди дојде до 5:3. Нашата репрезентација никако не можеше да влезе во ритам, па така Турција кон средината на првиот дел дојде до 7:4.

Иако Турција не играше најидеално, сепак, знаеше како да ја пробие одбраната на Македонија и по дваесетина минути игра дојде до солидна предност, поведе со 11:6. Кризниот период во редовите на Македонија го прекина Ристовска, со три гола по ред намали на 11:9.

Турција до крајот на полувремето имаше контрола на теренот и во ниту еден момент не дозволи Македонија да се закани, најчесто водеше со три до четири гола разлика. По 30 минути игра резултатот беше 15:12 за ривалот.

Вториот дел стартуваше со гол на Турција за 16:12, а Македонија првиот гол во вторите 30 минути го даде преку Ѓорѓиевска за минус три, 16:13. За две-три минути игра ривалот на Македонија постигна неколку гола во серија и дојде до 20:15 во 38 минута.

По оваа позитива, следуваше серија од 7:0 на Македонија за преземање на предноста, најпрво во 46 минута беше 21:20, потоа нашата репрезентација дојде до 22:20. Турција во 50 минута ја прекина серијата на Македонија, намали на 22:21, потоа израмни на 22:22.

Во последните осум минути сами нијанси одлучуваа каков ќе биде исходот, се играше гол за гол. При нерешени 24:24, двете репрезентации направија по неколку почетни грешки, а Турција во 56 минута ја врати предноста, поведе со 25:24, на двапати имаше напад за плус, но не успеа да реализира.

Македонија со голот на Кипријановска израмни на 25:25, а Турција во последните 10 секунди немаше време да организира сигурен напад.

Најефикасна кај Македонија беше Сара Ристовска со осум гола, по четири имаа Јована Кипријановска и Ивана Џатевска.