Машката репрезентација на Македонија денеска го стартува настапот на Светското првенство во Хрватска, Данска и Норвешка.
Македонија за прв ривал ја има Унгарија и токму првиот настап на Мундијалите на „црвено-жолтите“ често бил многу значаен.
Нашата репрезентација почесто победувала на стартот на Мундијалите, има вкупно пет победи, додека само три пати била поразена (2009, 2021 и 2023).
СП 1999 Египет (Каиро): Македонија – Саудиска Арабија 28-21
СП 2009 Хрватска (Вараждин): Македонија – Тунис 24-25
СП 2013 Шпанија (Севиља): Македонија – Чиле 30-28
СП 2015 Катар (Доха): Македонија – Тунис 33-25
СП 2017 Франција (Мец): Македонија – Тунис 34-30
СП 2019 Германија (Минхен): Македонија – Јапонија 38-29
СП 2021 Египет (Каиро): Македонија – Шведска 32-20
СП 2023 Полска (Краков): Македонија – Норвешка 27-39
Натпреварот меѓу Македонија и Унгарија се игра вечерва во „Вараждин Арена“ со почеток во 20:30 часот.