По вчерашниот триумф со 29-17, машката младинска репрезентација на Македонија забележа втора победа над Словачка во пријателски натпревар.
Избраниците на Раде Стојановиќ славеа со 30-25 на вториот натпревар, откако и на полувремето имаа предност од пет гола, 19-14.
Претходно Македонија ја победи и селекцијата на Грција во два наврати и со четири победи оди на Европското првенство.
На континетналниот собир во Целје што стартува на 10 јули, Македонија ќе игра против селекциите на Црна Гора, Австрија и Хрватска.