Денеска ќе започне 16. издание на Европското првенство во женска конкуренција, на кое еден од 24-те учесници ќе биде и репрезентацијата на Македонија. Нашата репрезентација своето учество на Европското првенство го обезбеди преку квалификацискиот циклус, освојувајќи го 2 место во група со Шпанија, Азербејџан и Литванија.
За Македонија ова е седмо континентално учество, а второ последователно, откако во 2022, како еден од ко-организаторите, имаше директно обезбедено пласман меѓу најдобрите европски репрезентации. Најголемиот успех Македонија на Европските првенство го има остварено како домаќин во 2008 година, тогаш „црвено-жолтите“ го освоија седмото место.
Македонија на претстојното ЕП во групната фаза за ривали ги има репрезентациите на Шведска, Унгарија и Турција. Само најдобрите две репрезентациите од секоја група ќе обезбедат пласман во следната фаза. Според најавите од репрезентативките на Македонија, најголем акцент ќе биде ставен за натпреварот против Турција, репрезентација против која избраничките на Кристијан Грчевски ќе се обидат да дојдат до победа.
Распоред на натпреварите на Македонија на ЕП:
28,11, 20:30, Македонија – Шведска
30,11 20:30, Македонија – Турција
02,12, 18:00, Македонија – Унгарија
Селекторот Кристијан Грчевски за настапот во Дебрецин одбра 19 ракометарки.
Состав на Македонија:
Матеа Чурлиновска, Драгана Петковска, Јована Мицевска, Сара Ристовска, Ивана Арсениевска, Ивана Џатевска, Симона Маџовска, Бојана Диневска, Јована Саздовска, Ива Младеновска, Ана Марија Коларовска, Јована Кипријановска, Андреа Седлоска, Елена Ѓорѓиевска, Сара Стефаноска, Теодора Дукоска, Марија Јанкуловска, Катерина Дамјановска и Нена Нестороска.
На Европското првенство 2024 има три ко-организатори – Унгарија, Австрија и Швајцарија. Освен Македонија, учесници од поранешна Југославија ќе бидат уште Србија, Хрватска, Црна Гора и Словенија. Уште во групната фаза свое соочување, во рамки од групата Б, ќе имаат Србија и Црна Гора.