Минатиот викенд се комплетираа натпреварите од осминафиналето на ЕХФ Европскиот Куп кај дамите, а Сања Дабевска со српскиот Бор и Ивана Гакидова со полскиот Кобержице беа елиминирани.
Дабевска и нејзиниот тим два пати играа дома со шпанската Малага, но два пати загубија, а македонскиот кружен напаѓач даде шест гола на двете средби.
Гакидова и Кобержице, беа елиминирани од шпанскиот Елче, тим кој со двојна победа го елиминира во претходната рунда и македонскиот првак Ѓорче Петров. Македонката немаше голови на овие два меча.
Во четвртфиналето од ЕХФ Европскиот куп ќе има три екипи од Шпанија, но и по една од Холандија, Чешка, Турција, Словачка и Грција.
Европски Куп, осминафинале, резултати:
Кинжварт – Салерно 33-28, 29-32
Малага – Бор 24-21, 22-17
Бурса – Бети Онак 32-28, 25-24
Венло – Ајдовшчина 33-29, 27-28
Јувента Михаловце – Сплит 35-29, 30-29
Ериче – Гуардес 19-30, 22-25
Мадеира – ПАОК 20-19, 26-37
Елче – Кобержице 27-21, 28-22
Во Лигата на шампионите во групата А, Ѓер (20) и Мец (18) се на чекор до четвртфинале, а Сторхамар и Будуќност кои имаат четири односно три бода, практично се отпишани од битките за осминафиналето по последните порази.
Во групата Б, битките за директните места во четвртфиналето – Брест е прв со 18, Ференцварош на второто место има 16, Оденсе е трет со 15, додека ЧСМ Букурешт и Икаст имаат по 14. Подравка и Крим се на делба на шестото место со по пет бода и до последното коло ќе се борат за последниот билет што носи осминафинале.
Лига на шампиони, 11 коло, резултати:
група А
Есбјерг – Дебрецин 39-30
Сторхамар – Борусија Дортмунд 30-31
Глорија Бистрица – Ѓер 22-27
Будуќност – Мец 23-39
група Б
Ференцаврош – Крим 38-31
Подравка – ЧСМ Букурешт 28-33
Брест Бретањ – Оденсе 40-33
Икаст – Сола 32-23
Хрватскиот вицепрвак Локомотива Загреб на Андреа Седлоска игра одлично и ја запиша втората победа, овојпат на гости кај норвешкиот Тертнес со 29-26, а македонската репрезентативка даде еден гол на оваа средба.
Во оваа група игра и Рапид Букурешт на Сара Ристовска, која допрва треба да се врати на терените, а на домашен терен салвеше против Олденбург со четири гола разлика.
Лига на Европа, 3 коло, резултати:
група А
Мошонмаѓаровар – Ларвик 31-22
Турингер – Баја Маре 33-32
група Б
Шамбре – Естергом 30-31
Бломберг – Никобинг 22-29
група Ц
Рапид Букурешт – Олденбург 34-30
Тертнес – Локомотива Загреб 26-29
група Д
Виборг – Корона Брашов 33-33
Дижон – Заглебје 31-26























