Светската ракометна федерација ги објави шеширите пред ждрепката за Светското првенство во 2025 година во Хрватска, Данска и Норвешка.
Македонија како што беше објавено и претходно, а сега е потврдено, ќе биде дел од третиот шешир пред ждрепката.
Иако беше за очекување, дека Хрватска, каде што се играат четири групи, ќе ја распредели Македонија во Загреб, Пореч или Вараждин, тоа не се случи.
Покрај Хрватска, „домаќин“ во Загреб ќе биде Словенија, во Вараждин ќе биде Унгарија, додека во Пореч, тоа ќе биде Австрија.
Македонија оди во ждрепка, па покрај трите хрватски града, ќе има опции да се падне и во Хернинг или Осло. Данците покрај нив, во Хернинг ги смести и Германците, додека Норвежаните се решија за Швеѓаните, како многу логично решение.
Ждрепката за групите на СП 2025 година е закажана во Загреб на 29 мај од 19:30 часот.