Романската ракометна федерација објави дека се направени промени меѓу учесниците на „Трофеј Карпати“, кој ќе се одржи од 27 до 29 јуни, а на кој покрај домаќинот беа планирани и младинските селекции на Македонија, Србија и Полска.
Сепак, нашата и селекцијата на Србија, нема да бидат дел од овој турнир што ќе се игра во градот Васлуи, па организаторот ја покани селекцијата на Босна и Херцеговина и турнирот ќе се игра со три учесници.
Младинците ја завршуваат првата фаза од подготовките за младинското Европско првенство, која беше одработена во Маврово.
Ривали на избраниците на Раде Стојановиќ ќе бидат селекциите на Хрватска, Црна Гора и Австрија на првенството што ќе се игра од 10 до 21 јули.