Репрезентацијата на Унгарија со одличната игра во второто полувреме успеа да слави над Катар со 29:23 и си обезбеди пласман во четвртфиналето на Светското првенство 2025 во Данска, Норвешка и Хрватска. Ова значи дека завршија сите шанси на Македонија за евентуален пласман во ТОП 8.
Натпреварот во „Вараждин Арена“ го отвори Катар, а откако Унгарците три пати не реализираа, селекцијата на Веселин Вујовиќ во петтата минута зголеми на 2:0, а во 7-та минута дојде и до 3:0.
Унгарците преку Фазекаш во 8-та минута дојдoa до првиот гол на натпреварот, потоа Бенце од пенал реализираше за минус едеn, 3:2. Избраниците на Родригез никако не можеа да заиграат според посакуваното, па така кон средината на првото полувреме имаа негатива од 5:2.
Еден од најзаслужните за предноста на Катар беше голманот Суљаковиќ, кој до 15-та минута имаше пет интервенции. Сепак, Катар не го користеше периодот без реализација на Унгарија, а по 19 минути игра, предноста на азиската селекција беше 7:3.
Унгарија за 20 минути имаше постигнато само два гола од игра, но некако успеа да се консолидира не дозволи Катар драстично да се одлепи. По предноста на Катар од 8:5, следуваа два гола во низа на Унгарија за минус еден, 8:6. ,,Ветераните” на Вујовиќ не успеаја да го одржат високиот ритам од воведниот дел и дозволија ивалот да израмни на 10:10. По 30 минути игра беше нерешено, 12:12.
Избраниците на Родригез влегоа фуриозно во второто полувреме и за две-тро минути игра дојдоа до плус три, 16:13. Катарците не можеа да се натрчуваат со Унгарците, па така во 40 минута имаа негатива од минус три, 20:17. Како одминуваше времето, така репрезентацијата на Унгарија играше сѐ подобро и до финишот не дозволи Катар да има било какви шанси за реми.
Актуелниот бранител на златото, Данска, продолжува со одличните резултати, овојпат без многу проблеми ја совлада Чешка со 28:22. Чесите дадоа добар отпор во првиот дел, на полувреме имаа негатива од 12:12, но во вторите 30 минути избраниците на Јакобсен одиграа според планираното.