Женската репрезентација на Македонија ќе има две силни проверки пред бараж двомечот против Полска за пласман на СП 2025.
Избраничките на Кристијан Грчевски во рамките на ЕХФ недела во март ќе играат два пати против Србија.
Србинките имаат нов селектор – Норвежанецот Бент Дал, а во националниот тим ги вратија Андреа Лекиќ, Драгана Цвијиќ, Катарина Томашевиќ…
Првиот натпревар ќе се одигра на 7 март, додека втората пресметка е ден подоцна во претпладневен термин.
Македонија на 9 април гостува кај Полска, додека во Битола ќе ја пречека незгодната селекција на 12 април во реваншот од баражот за СП 2025.