Македонија на СП: Најдобар пласман досега во Катар 2015, најлош во Полска и Шведска 2023

Машката репрезентација на Македонија денеска го започнува деветтиот настап на Мундијалот во Хрватска, Данска и Норвешка.

Првпат Македонија играше на СП 1999 во Египет, а потоа чекаше десет години за второ учество до СП 2009 во Хрватска.

По четири години пауза, нашите ракометари одново обезбедија место на светските собири, а тоа беше на СП 2013 во Шпанија.

Оттгаш тргна низата без прекин и следуваа СП 2015 во Катар, СП 2017 во Франција, СП 2019 во Германија и Данска, па СП 2021 во Египет и последниот настап на СП 2023 во Полска и Шведска.

Најлошиот пласман Македонија го имаше пред две години во Полска и Шведска кога заврши на 27 место. Најдобриот беше во Катар во 2015 година, кога нашата селекција заврши на 9 место, а тогаш остави четири победи и еден пораз во групата, но Словенија се испречи во осминафиналето.

Македонија на СП 2025 е во група со Унгарија, Холандија и Гвинеја, а отвора вечерва во „Вараждин Арена“ против Унгарија од 20:30 часот.