Женската репрезентација на Македонија ќе има силни тестови пред настапот на Европското првенство во Австрија, Унгарија и Швајцарија.
Во рамките на ЕХФ неделата во октомври, Македонија ќе биде дел од „Трофеј Карпати“ во Романија од 25 до 27 октомври.
Покрај селекцијата на Кристијан Грчевски, на силниот турнир ќе настапат и Швајцарија, Словачка, Турција, Бразил, како и домаќинот Романија.
Претходно нашите ракометарки ќе имаат два теста и против еден од домаќините на континенталниот собир, Австрија, во септемвриската ЕХФ недела, а ќе бидат договорени и пријателски натпревари пред ЕП.
Македонија ќе игра во групата А на ЕП заедно со домаќинот Унгарија, Шведска и Турција.