Македонија има два гола негатива на полувреме против селекцијата на Португалија, 15-13. Македонската селекција беше рамноправен и поквалитетен противник во првиот дел, но двете исклучувања во составот на Македонија и црвениот картон на Маркоски во 15. минута им овозможија на Португалците да ја контролираат играта и резултатот.

Двете екипи се менуваа во водство во зависност од периодот на натпреварот, но единствено Македонија дојде до поопипливи два гола предност на почетокот на натпреварот.
На пет минути до паузата резултатот беше изедначен на 12-12, во тие моменти Џонов заработи незгодна повреда, но македонската одбрана беше на висина на задачата. Сепак голманот Капдевил не дозволи комплетен пресврт, па Португалија повторно поведе, со играч помалку. Македонија не искористи играч повеќе на терен, по првото исклучување за Португалија на наптреварот во 24 минута. До крајот Итуриза ги донесе Португалија на „плус два“, резултат со кој заврши првиот дел.


























