Aко се суди по првото полувреме, машката репрезентација ќе има тешка задача за пласман на Светското првенство 2025. Македонија на паузата губи од Фарски Острови со 18-14. Домаќините имаа и шест гола предност во финишот на првото полувреме, но се изборивме за помала негатива.
Фарски Острови отвори со водство од 6-2, по осум минути игра, па Кире Лазаров мораше да бара минута одмор. Со играта седум на шест проба македонскиот селектор да ги врати нашите момци во игра, делумно успеа и по водството на 7-2 на ривалот, ги казните сите домашни грешки и веќе беше 7-5.
Беше и 8-6, а имавме шанса по исклучувањето на Скипаготу да намалиме на минус еден, но Кузмановски го промаши пеналот. Митун казни на спротивната страна за 10-7 по петнаесетина минути игра.
Taлески имаше зицер, но и тој не погоди, па домашните одново погодија за плус четири, 11-7. Атанасијевиќ можеби и неправедно доби второ исклучување, во следната акција и Кузманоски по игра со нога доби две минути казна од строгите Германки и домаќините ја задржаа разликата, 13-9.
Беше и 15-10, но Лазаревски ја проби домашната одбрана. Сепак и покрај тоа се чувствуваше дека нема многу расположени ракометари во нашата селекција, па домашниот тим лесно наоѓаше пат до голот. Беше и 17-11, но Лазаревски и Кузмановски намалија на пристојни минус четири, 17-13. До крајот по еден гол на двете страни за 18-14.