Машката сениорска репрезентација во претстојната ЕХФ недела од 26 октомври до 2 ноември ќе одигра пријателски натпревари.
Избраниците на Кирил Лазаров кои го скокаат првиот бараж за СП 2027, ќе го искористат тој прозорец за пријателски натпревари.
Во Скопје доаѓа селекцијата на Јапонија, со која ќе бидат одиграни две средби на 30 октомври и 1 ноември.
Овој двомеч ќе биде дел од подготовките за настапот на ЕП 2026 година во Данска, Шведска и Норвешка.
Младинците во оваа ЕХФ недела ќе играат пријателски средби со Словачка во Македонија, додека кадетите ги чекаат квалификации за ЕП 2026 и средби со Луксембург, Финска и Грција.