Женската сениорска репрезентација на Македонија ќе има силни проверки пред стартот на Европското првенство.
Прв ривал на избраничките на Кристијан Грчевски ќе биде еден од домаќините на континенталниот собир, Австрија.
Овие два натпревари ќе се одиграат во рамките на ЕХФ неделата во септември во градот Брегенц, а во ноември Македонија ќе игра на силен турнир во Романија.
Првиот дуел против Австрија ќе се игра на 28 септември од 17:00 часот, додека вториот е на 29 септември од 14:30 часот.
Македонија е во групата со еден од трите домаќини на ЕП, Унгарија, со стариот познаник Шведска, како и со дебитантот Турција.
ЕП почнува на 28 ноември, а ќе заврши на 15 декември.