Маратон пријателски натпревари – еве кој против кого ќе тестира пред ЕП

Најголем дел од репрезентациите што играат на Европското првенство во Данска, Шведска и Норвеша, на 2 јануари ги започнаа подготовките за настапот на континенталниот собир.

Дел од нив одиграа веќе по некој пријателски натпревар, но главнината од тестовите пред ЕП ќе биде на програмата од денеска до 11 јануари.

Македонија ќе настапи на „Жолтиот Куп“ во Винтертур, и ќе тестира против домаќинот Швајцарија, Бахреин и Украина, од 8 до 10 јануари, додека на 13 јануари е пресметката со данскиот прволигаш Митјиланд.

Од ривалите на Македонија на ЕП, Данска ќе игра против Грција и Холандија, Португалија ќе тестира со Бахреин, односно Словачка, Тунис и против уште еден ривал на турнирот во Шпанија, додека Романците ќе одиграат пријателски средби против Италија и Унгарија.