Машката сениорска репрезентација на Македонија, која вчера ги започна подготовките за Европското првенство 2024, следните тренинзи ќе ги продолжи во полн состав.
Голманот Никола Митревски и левиот бек Филип Кузмановски, кои поради клупски обврски не присуствуваа на првиот собир, денес им се придружија на своите репрезентативни колеги.
Како што е познато, повратник во репрезентацијата е десното крило Никола Костески, кој има одлични партии во дресот на Плзен.
Македонија за време на ЕХФ неделата на двапати ќе тестира со Грција. Пријателските натпревари со јужниот сосед се играат во Солун на 4 и 5 ноември.
Токму Грција ќе биде генерална проверка за избраниците на Кире Лазаров пред настапот на Европското првенство 2024, бидејќи Македонија со грчката репрезентација, која исто така е учесник на континенталниот собир, ќе тестира уште на 4 и 5 јануари во Скопје.
Македонската репрезентација на Европското првенство во Германија е во група со Франција, Германија и Швајцарија.