Машката репрезентација на Македонија славеше против Катар со 39-34 во натпреварот од второто коло во главната рунда на СП.
Тоа значи дека Македонија сега има 4 бодови и ќе заврши најмалку петта во групата, а тоа пак значи дека ќе биде најмалку во ТОП 20 селекции на Мундијалот.
Остануваат и теоретските шанси за четвртфинале, но затоа ќе треба да се поклопат сите резултати во корист на Македонија, но и нашата селекција да триумфира против големата Франција.
Последниот ривал во главната рунда е токму Франција, а овој меч се игра в сабота во „Вараждин Арена“ со почеток во 20:30 часот.