Македонија ќе отвори со Австрија, „јаготката на шлагот“ е двобојот со Франција!

Со триумфот над Гвинеја со 29-20, Македонија се пласираше во главната рунда на Мундијалот во Хрватска, Данска и Норвешка.

Во главната рунда ќе се сретне со Австрија, Катар и Франција, селекции кои од групата во Пореч ќе се преселат во Вараждин.

Македонија ќе биде трета во групата, освен ако Унгарија не загуби убедливо од Холандија, а тоа значи дека во вторник ќе игра со Австрија.

В четврток на програмата е пресметката со Катар, додека во третото коло од главната рунда в сабота е двобојот со европскиот првак Франција.

Распоред на натпревари, главна рунда СП:

21/1, Австрија – Македонија
23/1, Македонија – Катар
25/1, Франција – Македонија