Македонија ќе игра натпревар на три дена до ЕП!

По дуелите со Хрватска, Бахреин, Украина и Швајцарија, машката репрезентација на Македонија ќе има уште еден тест пред Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка.

Петтиот натпревар ќе биде одигран на данско тло против тамошниот прволигашки тим Митјиланд.

Дуелот меѓу Македонија и Митјиланд е закажан за 13 јануари од 19:00 часот во Хернинг и ќе биде генерална проба за момците на Кирил Лазаров пред ЕП.

Митјиланд беше дел од данската елита, но оваа сезона игра во прволигашката конкуренција и во моментов се наоѓа на петтото место на табелата.

Македонските репрезентативци денеска имаат два тренинзи, утре уште еден, вторник ќе им биде слободен ден, пред заминувањето во среда за Цирих и дуелите со Бахреин, Украина и Швајцарија.

Македонија го стартува настапот на ЕП со дуел против домаќинот Данска во Хернинг во „Јуске Банк Боксен“ на 16 јануари од 20:30 часот, а потоа следуваат две средби со Португалија и Романија.