„Македонија ќе биде фаворит, наше е сериозно да се подготвиме и да се бориме“

Противник на Македонија во третиот бараж за Мундијалот во Германија ќе биде селекцијата на Словачка.

Словаците ја елиминираа Украина во претходната фаза, иако загубија дома со 32-31, триумфот од 27-24 на првиот дуел беше доволен за прогрес.

Најдобар стрелец во двомечот беше левото крило Јурај Бриатка, кој ја препушта фаворитската улога на Македонија пред решавачките битки за место на СП.

„И покрај минималниот пораз се пласиравме во следната фаза, а таму не чека Македонија. Тие ќе бидат фаворити. Мора сериозно да се подготвиме и да се бориме, ако играме како против Украина, тоа нема да биде доволно“, изјави Бриатка.

Првиот меч меѓу Словачка и Македонија се игра на 14 мај од 19:00 часот во Прешов, додека реваншот е во Скопје на 17 мај од 19:00 часот.