Македонија ќе биде домаќин на ЕХФ шампионат за кадети!

Извршниот Комитет на Европската ракометна федерација ги додели организациите на ЕХФ шампионатите за кадети и младинци во 2026 година.

Ракометната федерација на Македонија ќе биде организатор на ЕХФ шампионатот за кадети од 3 до 9 август, и покрај тоа што нашите момци нема да бидат дел од ова натпреварување. Со ова продолжува низата на големи натпреварувања на кои Македонија и македонската куќа на ракометот досега покажаа дека се одлични организатори и ја уживаат довербата на ЕХФ.

На ова натпреварување ќе бидат селекциите што не успеаја да се пласираат на Европското првенство во Србија и ќе играат поделени во две групи.

Покрај Македонија, ЕХФ шампионат за кадети ќе се игра и во Грузија од 2 до 9 август, додека два ЕХФ шампионата за младинци ќе се играат во Косово од 12 до 19 јули.

Македонската кадетска репрезентација ќе биде дел од ЕП што ќе се игра во Србија од 29 јули до 9 август, додека македонските младинци ќе бидат дел од ЕП што ќе се игра во Романија од 8 до 19 јули.