Машката репрезентација на Македонија со победа ги отвори контролните натпревари пред стартот на Европското првенство.
Избраниците на Кире Лазаров ја совладаа селекцијата на Црна Гора со 39-37, откако на полувремето водеа со пет погодоци, 22-17.
Нашите ривали во својот ростер ги немаа Вуко Борозан, Вук Лазовиќ, Ристо Вујачиќ, како ниту голманите Небојша Симиќ и Никола Матовиќ.
Македонија утре се враќа од Стара Пазова, ракометарите ќе добијат два слободни дена, па на 2 јануари ќе продолжат тренинзите.
На 4 и 5 јануари се двете средби со Грција, додека заминувањето за Германија е предвидено за 8 јануари.
Македонија е во тешка група на ЕП со Германија, Франција и Швајцарија.