Младата репрезентација на Македонија која се подготвува за настап на СП што од 18 јуни почнува во Полска, имаше успешна генерална проба, победувајќи го тимот на Јапонија со 37-27.
Во меч кој треба да биде аклиматизација пред СП, нашите младинци одиграа две различни полувремиња, но селекторот Раде Стојановиќ може да биде задоволен со она што го покажаа репрезентативците во вториот дел.
Средбата почна со водство на Јапонија, и само до резултат 7-7 имавме позитивен резултат. Потоа Јапонците имаа водство, првично со 3 гола, а во самата завшнива и со 4 гола (14-10). На одмор се замина со резултат 16-13 за Јапонија.
Само што почна вториот дел, брзо израмнивме на 17-17, а потоа откако поведовме со 21-20 (36 минута), па се до крај имавме предност, која беше и двоцифрена. Македонија ја покажа својата сила, и моќ, со која ќе настапува во групната фаза пд СП:
Македонија на СП ќе игра во група со репрезентациите на Фарски Острови, Романија и Исланд.