Машката репрезентација на Македонија ќе има силни проверки пред настапот на Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка.
Покрај настапот на „Жолтиот Куп“ во Швајцарија од 8 до 10 јануари, избраниците на Кирил Лазаров ќе се судрат со светскиот вицешампион Хрватска пред Нова Година.
Натпреварот против Хрватска ќе се одигра на гостински терен во градот Пореч на 28 декември, иако домаќинот нема да биде во комплетен состав.
Потоа Македонија ќе игра против Бахреин, Украина и Швајцарија, а многу веројатно дека ќе се игра уште еден пријателски натпревар пред ЕП.
Македонија е во група со домаќинот Данска, Португалија и Романија, додека Хрватите ќе играат против Шведска, Холандија и Грузија.
























