Репрезентацијата на Македонија утре со натпреварот против Шведска ќе го стартува настапот на Европското првенство 2024.
На Македонија и Шведска утрешниот дуел ќе им биде 12-ти меѓусебен дуел, односно трет на континенталните собири. Низ историјата, двете репрезентации најмногу одиграле квалификациски дуели за пласман на големите натпреварувања.
Македонија и Шведска досега двапати се имаат сретнато на Европските првенства, во 2008, кога нашата земја беше организатор и во 2012 во Ниш, Србија.
Шведска на утрешниот натпревар против Македонија е голем фаворит, но од таборот на „црвено-жолтите“ ветуваат голема борба
Меѓусебни дуели на Македонија и Шведска
29.01.1997 (Вастерас), Шведска – Македонија 17:14 (квалификации за СП)
02.19.1997 (Скопје), Македонија – Шведска 23:19 (квалификации за СП)
12.03.1998 (Савсјо), Шведска – Македонија 20:18 (квалификации за СП)
15.03.1998 (Скопје), Македонија – Шведска 20:17 (квалификации за СП)
10.12.2008 (Скопје), Македонија – Шведска 23:24 (ЕП)
06.12.2012 (Ниш), Македонија – Шведска 15:26 (ЕП)
10.16.2017 (Скопје), Македонија – Шведска 20:31 (бараж за СП)
13.06.2017 (Иштад), Шведска – Македонија 46:27 (бараж за СП)
28.09.2017 (Лунд), Шведска – Македонија 38:26 (квалификации за ЕП)
30.05.2018 (Скопје), Македонија – Шведска 20:32 (квалификации за ЕП)
26.09.2019 (Никопинг), Шведска – Македонија 35:26 (квалификации за ЕП)
Утрешниот натпревар меѓу Шведска и Македонија ќе се одигра со почеток од 20:30 часот.