Машката репрезентација на Македонија денес ќе го има вториот предизвик на Европското првенство 2024.
Втор ривал на избраниците на Кире Лазаров ќе биде домашната репрезентација, која во првото коло од континенталниот собир славеше над Швајцарија.
На Македонија и Германија утрешниот дуел ќе им биде 6-ти меѓусебен дуел на големите натпреварувања. Двете репрезентации последен пат се сретнаа на Европското првенство во Хрватска (2018).
Од актуелниот состав на Македонија на тој дуел настапија Филип Талески, Жарко Пешевски, Филип Кузмановски, Никола Маркоски, Мартин Велковски, Никола Митревски, како и Мартин Поповски, кој е меѓу резервите.
Германија во својот состав ги имаше Андреас Вулф, Патрик Грецки, Филип Вебер, Каи Хафнер и Јаник Колбахер.
Македонија тогаш покажа квалитетен ракомет против бундес тимот и возбудливиот дуел во „Арена Загреб“ заврши без победник, 25:25. На преостанатите четири официјални дуели бодовите ги освојуваше Германија.
Меѓусебни натпревари на Македонија и Германија:
03.06.1999, Каиро (Египет) Македонија – Германија (СП) 25:36
21.01.2009, Вараждин (Хрватска), Македонија – Германија (СП) 23:33
17.01.2012, Ниш (Србија), Македонија – Германија (ЕП) 23:24
20.01.2013, Барселона (Шпанија), Германија – Македонија (СП) 28:23
17.01.2018, Загреб (Хрватска), Германија – Македонија (ЕП) 25:25
Натпреварот меѓу Македонија и Германија ќе се одигра во „Мерцедес Арена“ во Берлин со почеток од 20:30 часот.