Македонија ЃП подобра од Текстилец

Штипски Текстилец „стана познат“ откако во минатото коло го победи фаворизираниот Вардар Неготино, но сега на гости во Скопје не го повторија истиот резултат.
Македонија ЃП во 6. коло на машката Прва лига триумфираше со 28-23, и скопјани ја прекина серијата од два порази по ред.

На табелата Текстилец остана на 6 место со 6 бода, заедно со Овче Поле и Јехона. Македонија ЃП е на делба на место со 4 бода заедно со Аеродром и Партизан Гевгелија.

Клучен беше периодот меѓу 35 и 47 минута кога домаќините од предност 14-13 стигнаа до 21-15 најавувајќи го триумфот. Дарко Рангелов беше најдобар стрелец со 6 погодоци, како и Лука Лешникоски и Михаел Тотиќ, кои постигнаа по 5 гола.

Гостите само три пати успеаја да го израмнат резултатот и тоа при самиот крај на првото полувреме, и на почетокот на второто. Во другиот дел од мечот домашните имаа резултатска контрола.

Кај гостите од Текстилец се истакнаа Александар Јовановски и Јован Атанасовски со по 5 погодоци, како и Филип Џинес и Филип Савев, кои постигнаа по 4 гола.

Во следното коло Текстилев е домаќин на Овче Поле, а Македонија ЃП повторно игра дерби, овојпат со Драчево.