Тимот на Македонија ЃП на свој терен направи изненадување, го совлада Младост Богданци со 32:27 во првото коло од Првата лига.
Домаќините во најголемиот дел од натпреварот ја имаа предноста, на пауза заминаа со минимални 16:15, потоа во вториот дел имаа резултатска контрола, најчесто водеа со два до три гола разлика, а во финишот дојдоа и до поголема позитива.
Никола Иванов со 11 погодоци беше предводник во победничката екипa, а по шест постигнаа Мартин Бучуковски и Боби Неделковски.
Листата на стрелци кај Младост Богданци беше предводена од Ѓорѓе Ѓуриќ со осум погодоци.
Металург РА во Струмица кај Астраион триумфираше со 29:14, а бодовите ги освои со одличното прво полувреме, во кое прими само 4 погодоци, а постигна дури 12.
Во победничката екипа сите ракометари го дадоа максимумот, најмногу се истакнаа Матеј Филиповски и Коста Николовски со по четири погодоци.