Македонија Ѓорче Петров со две засилувања – Петров и Рангелов нови „лавови“

Тимот на Македонија Ѓорче Петров, кој минатата сезона за влакно не успеа да се пласира во суперлигашкиот бараж, влегува со исти амбиции и во претстојната сезона.

„Дробилицата“ веќе ангажираше двајца нови ракометари – Бобан Петров и Дарко Рангелов, кои минатата сезона играа во Македонија.

Петров е среден бек, играч со искуство од Германија од екипата на Котбус и младинската екипа на големиот Кил.

Рангелов настапува на десната бековска позиција, а до крајот на минатата сезона ги бранеше боите на Скопје.

Дополнително Македонија Ѓорче Петров ќе ги засили своите редови пред стартот на подготовките со уште неколку нови ракометари.