Maкедонија Ѓорче Петров лесно се справи со Шампион

Тимот на Македонија Ѓорче Петров ја забележа третата победа во Првата лига, откако славеше дома против Шампион со 39-20.

Триумфот на домашните беше потврден уште по првото полувреме, кога „лавовите“ водеа со 19-7, а вториот дел беше само формалност.

Најдобри стрелци во победничкиот тим, во кој сите освен голманите се запишаа во листата беа Бучуковски со седум гола, како и квартетот Нацев, Ристески, Грујевски и Станојоски кои дадоа по четири.

Во составот на Шампион, Давид Јовчевски имаше 12 реализации, но тоа беше премалку за нешто повеќе на овој натпревар.