Познат ранкингот – еве на кое место заврши Македонија на ЕП!

Maшката репрезентација на Македонија го завршува настапот на Европското првенство на 14 место.

Со пораз од Данска, реми со Португалија и победа над Романија, Македонија заврши на третото место во групата Б со три бодови.

Исто толку има и Фарски Острови во групата Д, но „овчарите“ имаат позитивна гол-разлика, за разлика од -11 на Македонија, па затоа се најдоа на 13 место.

Пласманот на ЕП 2026 е напредок за три позиции, откако на ЕП 2024 бевме на 17 позиција.

Од 15 до 18 место ќе бидат распределени селекциите на Италија, Чешка, Австрија, и поразената од двобојот меѓу Холандија и Грузија.