Македонија ги дозна ривалите на ЕП – еве против кого и каде ќе игра!

Машката репрезентација на Македонија ги доби ривалите во групната фаза на Европското првенство во 2026 година.

Избраниците на Кирил Лазаров ќе играат во градот Хернинг во групата Б против селекциите на домаќинот Данска, Португалија и Романија.

Најдобрите две од сите групи од прелиминарната рунда ќе се пласираат во главната рунда, односно ТОП 12.

ЕП 2026 ќе се игра во Данска (Хернинг), Шведска (Кристијанштад, Малме) и Норвешка (Осло) од 15 јануари до 1 февруари.

Европско првенство 2026, групи:

група А (Хернинг): Германија, Шпанија, Србија, Австрија
група Б (Хернинг): Данска, Португалија, Романија, Македонија
група Ц (Осло): Норвешка, Франција, Украина, Чешка
група Д (Осло): Фарски Острови, Словенија, Швајцарија, Црна Гора
група Е (Малме): Шведска, Хрватска, Грузија, Холандија
група Ф (Кристијанштад): Исланд, Унгарија, Италија, Полска