Машката репрезентација на Македонија денеска ги доби ривалите во квалификациите за пласман на Европското првенство 2028.
Избраниците на Кирил Лазаров се најдоа во групата 8 и ќе се соочат со селекциите на Луксембург, Грција и Шведска.
Квалификациите почнуваат во ноември оваа година, а ќе се комплетираат во март и мај наредната година.
Формирани се осум квалификациски групи, а покрај прво и второпласираните од сите групи и најдобрите четири од осумте третопласирани ќе обезбедат место на ЕП.
Континенталниот собир во 2028 година ќе се одржи во три држави – Шпанија, Швајцарија и Португалија.

























