Репрезентацијата на Тунис ремизираше, 25-25 со Египет со што и овозможи на Македонија да биде победник на „Трофеј Македонија“. Со ова реми, Македонија го освои првото место, Грција е второпласирана, Египет е трета а Тунис четвртопласиран.
Последниот натпреварувачки ден Македонија службено го доби натпреварот со Грција, бидејќи Гркинките поради вирус во тимот заминаа веднаш дома. Тоа значеше дека од дуелот меѓу Египет и Тунис ќе зависи кој ќе биде победник на „Трофејот„.
Египет имаше напад од 15 секунди за победнички гол со кој ќе беше победник и на мечот и на турнирот, но Тунис се одбрани, по што наместо славје на терен, се славеше на трибините каде седеа ракометарките на Македонија.
Водеа најчесто ракометарките на Тунис, а во вториот дел Египет израмни, па и водеше. Во последните минути драма на теренот, но и покрај желбата на Египет да направи пресврт, сепак мораа да се задоволат само со индивидуланите награди.