Eдна од селекциите што ќе дебитираат на Европското првенство 2024 ќе биде Турција, која е ривал на Македонија во групната фаза.
Селекторот Костика Бучески, вели дека шансата за победа на континенталниот собир ја гледа против Македонија.
„Ќе се соочиме со тешки противници. Шведска и Унгарија се меѓу најдобрите во Европа и многу веројатно ќе се борат за медали. Но против Македонија, имаме шанс да победиме. Ги гледавме на ‘Трофеј Карпати’, добро ги познаваме. Можеме да направиме изненадување и да славиме“, изјави селекторот Бучески.
Од турската репрезентација, девет ракометарки играат во странство, а левиот бек Асли Искит Чалискан е во ТОП 5 стрелците во романскиот шампионат сезонава.
Македонија ќе се сретне со Турција во второто коло на ЕП на 30 декември со почеток во 20:30 часот.