Женската репрезентација на Македонија денеска и утре ќе ги одигра двата пријателски натпревари против Австрија, еден од домаќините на ЕП 2024.
Селекторката на Австрија, Моник Тијстерман, вели дека Македонија е селекција што постигнува многу голови од бековските позиции.
„Македонија е физички моќна репрезентација која постигнува многу голови од бековските позиции, а ние мора да го спречиме тоа. Фокусот сепак ќе биде нашата игра и со две победи сакаме да изградиме поголема самодоверба за претстојните подготовки за домашното ЕП. Сите ракометарки се во топ форма, секоја е фокусирана и работи одлично“, вели Тијстерман.
Првата средба меѓу Македонија и Австрија се игра денеска во Брегенц од 17:00 часот, додека втората е утре од 14:45 часот.