Македонија договори пријателски натпревар – еве против кого и каде ќе играме

Машката сениорска репрезентација на Македонија ќе има одлична проверка пред баражот за СП 2027 во мај и ќе ја искористи ЕХФ неделата во март за пријателски натпревар.

Македонија ќе се сретне со селекцијата на Австрија, која заврши на 16 место на Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка.

Натпреварот меѓу Македонија и Австрија ќе се одигра на 21 март во Брегенц со почеток од 18:00 часот.

Избраниците на Кирил Лазаров потоа во мај ќе го имаат за ривал победникот од двомечот меѓу Украина и Словачка  како последна пречка за настапот на Мундијалот во Германија.