До крајот на оваа година ќе биде формирана нова пионерска репрезентација на Македонија, составена од талентирани ракометари до 15 години. Со оваа иницијатива, Ракометната федерација прави важен чекор во создавање на нова генерација која ќе биде темел за иднината на македонскиот ракомет.
Во следните месеци ќе бидат организирани изборни тренинзи, на кои селекторот – кој дополнително ќе биде назначен – ќе ја направи првата селекција на младите надежи. Дополнително ќе биде назначен и селектор на таа репрезентација.
По Нова година, во план е да стартува и проектот „мини ракомет“, со кој уште поголем број деца ќе можат да направат први чекори во спортот.
Целта на овие активности е уште од најмала возраст да се создаде системска работа со младите, да се откријат и развијат нови таленти, и да се подготват генерации што во иднина ќе ги бранат боите на Македонија на големите ракометни сцени.