МЛАДИНЦИ: Македонија доби нов шампион

Младинците на Мулти Есенс се новите шампиони во младинската машка конкуренција во Македонија.

Тимот од Автокоманда славеше на гостувањето кај Овче Поле со 43-25 во натпревар од 20 коло и го обезбедија првото место на табелата.

На четири кола до крајот на сезоната, Мулти Есенс има 20 победи на 20 натпревари, вкупно 60 бода и матерматички се недостижни на врвот.

Пролет во моментов е втор на табелата со 47 бодови, Младост Богданци има 45, додека ланскиот првак Голден Арт е четврти со 39 бодови.