Машката сениорска репрезентација на Македонија денеска ќе го одигра последниот пријателски натпревар на подготвителниот период во Стара Пазова.
Избраниците на Кире Лазаров на последниот тест ќе ги одмерат силите со репрезентацијата на Србија, која нема да учествува на Мундијалот во јануари.
Претходно, репрезентацијата на Македонија беше подобра од српскиот суперлигаш Динамо Панчево и Нови Београд. На двата натпревари се играше 90 минути, односно 3X30.
По денешниот контролен натпревар следува мал одмор, па по празниците вториот дел од подготовките ќе се одработи на домашно тло.
На 7 јануари следува пат за Хрватска, каде ќе се одигра пријателски натпревар против домаќинот на СП, и последниот дел од подготовките ќе биде одработен во Вараждин.
На Светското првенство „црвено-жолтите“ за ривали во групната фаза ги имаат репрезентациите на Унгарија, Холандија и Гвинеја.