Женската репрезентација на Македонија денеска ќе го дознае ривалот за баражот за Светското првенство 2025.
На денешната ждрепка во Виена ќе има вкупно 22 селекции, а од бараж натпреварите најдобрите 11 ќе патуваат на Мундијалот 2025, кој ќе се одржи во Германија и Холандија.
Македонија на континенталниот собир 2024 не успеа да ја мине групната фаза, заврши на 18. позиција, па поради тоа ќе биде сместена во вториот шешир.
шешир 1: Шведска, Црна Гора, Полска, Романија, Словенија, Швајцарија, Шпанија, Австрија, Чешка, Исланд, Фарски Острови
шешир 2: Македонија, Хрватска, Турција, Србија, Португалија, Украина, Словачка, Израел, Италија, Косово, Литванија
Првите натпревари се на програмата на 9/10 април, додека реваншите ќе се играат на 12/13 април 2025 година.