Машката сениорска репрезентација на Македонија денеска ќе го одигра првиот натпревар од баражот за Светското првенство против селекцијата на Фарски Острови.
Фараните ќе бидат домаќини на денешниот дуел, на кој според обложувачниците, тие се фаворити против „црвено-жолтите“.
Можеби благата предност на Фарски Острови поради домашниот терен ќе биде голема мотивација за избраниците на Кире Лазаров да дадат 100%, односно да си заминат со победа.
Реванш дуелот меѓу Македонија и Фарски Острови ќе се одигра во Скопје на 12 мај, по што ќе биде познато која од двете репрезентации ќе патува на Мундијалот 2025.
На денешната програма од квалификациите за Светското првенство ќе има уште пет натпревари.
Распоред на денешните квалификациски натпревари:
16:15 ГРЦИЈА – ХОЛАНДИЈА
16:15 РОМАНИЈА – ЧЕШКА
20:00 ФАРСКИ ОСТРОВИ – МАКЕДОНИЈА
21:00 ШПАНИЈА – СРБИЈА
21:30 ИСЛАНД – ЕСТОНИЈА