По ремито со Австрија, 20-20, машката младинска репрезентација на Македонија, ќе разигрува за пласман од 9 до 16 место на Европското првенство во Словенија. Теоретски шанси за нашите момци да бидат меѓу најдобрите осум постојат, но за тоа треба да се случи чудо – португалско или германско.
Според комплицираниот систем на натпреварување, пласман во ТОП 8 обезбедуваат победниците во шесте групи и најдобрите две второпласирани од сегментите А-Ц, односно Д-Ф.
Од групата А понатаму оди Австрија како првопласирана, а од групата Ц селекцијата на Шпанија. Во групата Б, Португалија (со гол-разлика +22) и Германија (+20) играат меѓусебен дуел. Со реми двете селекции одат понатаму, а за Македонија да биде подобра од една или другата, има две варијанти.
Нашите младинци имаат гол-разлика од +10. За да бидеме подобри од Португалија, тие треба да загубат со 13 голови или повеќе од Германија, додека за да бидеме подобри од Германците, тие треба да загубат со 11 или повеќе голови од Португалија.
И едната и другата варијанта се далеку од реални, барем ако се суди според нивните меѓусебни средби во оваа генерација, но чудат се случувале и ќе се случуваат…
Еве по каков систем ќе се играат кадетските и младинските ЕП – покомплицирано не може да биде!