Тимот на Македонија Ѓорче Петров запиша нова победа во прволигашката конкуренција, откако на домашен терен славеше против Преспа со 32-20.
Гостите од Ресен парираа дваесетина минути кога беше 7-7, а потоа до паузата „лавовите“ стигнаа до плус пет, 14-9.
Вториот дел беше само рутински одработен од страна на избраниците на Оливер Димитриоски за убедлив триумф.
Најдобри кај победникот беа Ристески со седум, односно Бучуковски и Грујевски со по пет гола, а кај Преспа се истакна Антоновски со шест погодоци.
Македонија Ѓорче Петров сега е петта со десет бодови, додека Преспа останува на 11 позиција на табелата со два бода.

























