Машката кадетска репрезентација на Македонија утре го почнува разигрувањето за пласман од петто до осмото место на Европскиот олимписки фестивал.
Селекторот Горан Кузманоски нема да може да смета на двајца ракометари за мечот со Португалија – Горазд Дамчевски и Трајче Костов.
Тие двајца добија директни црвени картони на натпреварот со Исланд и според правилата на ова натпреварување, добиваат автоматска суспензија од еден меч.
Кузманоски ќе смета на 13 ракометари, бидејќи во составот ќе се врати десниот бек Андреја Угреновиќ.
Македонија ќе игра против Португалија утре во СРЦ „Кале“ од 13:45 часот, додека во зависност од овој резултат, ќе игра со победникот или поразениот од средбата меѓу Шпанија и Норвешка в сабота за конечен пласман.