Македонија без директно место во проширената ЛШ – шампионот ќе бара валјд-карта!

Извршниот Комитет на Европската ракометна федерација ја донесе одлуката за ранкингот на федерациите за идната сезона во Лигата на шампионите.

Она што е главно дека Македонија и во проширената ЛШ со 24 екипи нема да добие директно место, туку шампионот ќе мора да бара вајлд-карта за учество!

На ранкингот, Македонија се наоѓа на 12 место со пад за една позиција во споредба со минатото рангирање. За новата сезона 2026/27, ранкингот е направен врз основа на резултатите од сезоните 2022/23, 2023/24 и 2024/25.

Федерациите што се рангирани од 1 до 10 место имаа директно место во групната фаза – Германија, Шпанија, Франција, Данска, Полска, Унгарија, Романија, Португалија, Хрватска и Норвешка.

Сите овие држави имаат можност да побарат по најмногу две вајлд-карти за своите екипи, но од тие барања максимум осум ќе бидат прифатени.

Четири вајлд-карти ќе бидат отворени за барања од федерации што немаат директно место во Лигата на шампионите, меѓу кои ќе биде и македонскиот клуб, додека останатите барања од клубови кои ќе испратат апликација за ЛШ, ќе бидат разгледувани од Извршниот Комитет на ЕХФ. Меѓу нив би можеле да бидат и освојувачите на титули во ЛШ и ЛЕ од претходната сезона, а ЕХФ го задржува правото да додели валјд-карта и на екипа што не е од европскиот континент!

Максимум на екипи од една федерација може да биде три, а 24 екипи ќе бидат поделени во шест групи по четири екипи, од кои 12 ќе се пласираат во главната рунда, а останатите 12 продолжуваат во 1/16 финалето од Лигата на Европа. Ждрепката за групите ќе се одржи на 26 јуни во Виена.

Само еден „билет“ од ЕХФ за Македонија во Лигата на Европа!