Една од двете македонски кадетски репрезентации што играат на меморијалниот турнир „Марко Божиновски“, стартуваше со победа над Катар со 29-25.
Македонија А губеше со 13-10 во финишот на полувремето, но со два гола успеа да ја намали негативата и на пауза се замина со 13-12 за противникот.
По 23-23 во последните десетина минути, момците на Кузманоски и Стоилов ја направија клучната предност и поведоа со 27-24.
Во второто коло од групната фаза, Македонија А ќе се соочи со Босна и Херцеговина. Победникот од овој двобој многу веројатно ќе игра во финалето.
Двете македонски селекции се без ракометарите на Еурофарм Пелистер кои се на Ф4 во Келн, како и без интернационалците.