Македонецот со трофеј во Грција – ПАОК во трилер меч ја сруши Драма!

Тимот на ПАОК од Солун, каде што брани македонскиот голман Виктор Гигов, по четврти пат во историјата го освои трофејот во Купот на Грција.

ПАОК во драматичен натпревар славеше против Драма со 21-20, а победничкиот гол беше постигнат кога остануваа уште десетина секунди за игра.

Солунскиот тим губеше со 17-13, но се врати во егал, 19-19 во 58 минута, потоа беше и 20-20, но ПАОК успеа да слави на крајот. Како и во полуфиналето, така и во финалето Гигов имаше одлична партија.

Претходно ПАОК го освојуваше трофејот во Купот во 2012, 2015 и 2017 година, а оваа сезона Драма претходно во четвртфиналната фаза го елиминираше фаворизираниот АЕК Атина.

Тимот на Гигов следната недела ќе го игра последниот натпревар од регуларниот дел на првенството со Олимпијакос на доамшен терен, во моментов е на третото место на табелата со 29 бода и е на чекор до полуфиналето на плеј-офот.